Охрид, 5. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска е на природна кота 693,24 м.н.в.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 14 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,38 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8 степени, што е за 1 степен над просекот.
Синоптичарите за денес во Охрид најавија сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне се’ уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес