јануари 5, 2023

Охрид, 5. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Освен како уметничка инсталација на некој модерен уметник или моментална инспирација на некој моментален директор, тешко дека може поинаку да се објасни „инсталацијата“ во паркот „Мазија“.

Пресечени стебла, околу нив зеленило, цвеќиња, недефиниран и конфузен простор, прекинат излезот кон езерото и трската…

Овој преубав дел од градот е едно од последните, скоро недопрени катчиња на градот, во кој е лоцирана Активната зона на Кока Кола, „Холандскиот парк“ и споменикот на А. Ден Долард.

Во мај 2020 година беше извршено расчистување на џбунеста вегетација на овој потег, а беа отстранети и четири врби, за кои било утврдено дека се болни и потполно исушени и не постои можност за успешно санирање.

На оваа локација своевремено беше предвиден „Европски парк“, кој требаше да понуди соодветно уредување на просторот со содржини кои ќе ја задржат автентичноста на истиот и нема да му наштетат на целокушниот изглед и функционалноста на овој дел на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука