јануари 8, 2023

Охрид, 8. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Интернет порталот TasteAtlas. кој е вистинска екциклопедија на светски вкусови, ја вбројува македонската кујна помеѓу 100-те најдобри кујни во светот.

Поставувајќи ја на 59. место на нивната листа, од TasteAtlas како јадења кои мора да се пробаат во Македонија ги препорачуваат зелникот, селското месо, тавче гравчето и многу други.

Тие посочуваат и на неколку ресторани во државата, каде туристите можат да пробаат автентична и квалитетна локална храна, а помеѓу нив е и ресторанот „Антико“ од Охрид, каде двајца светски критичари за храна ја препорачале сармата како нешто што мора да се проба.

TasteAtlas е online енциклопедија на вкусови, светски регистар на традиционални јадења, локални намирници и автентични ресторани. Имаат каталогизирано повеќе од 10.000 видови храна и пијалоци, од кои дел се добро познати и популарни, а дел се подзаборавени и карактеристични за одреден град, регион или некое мало село во светот.

– Патувајте, истражувајте, јадете и пијте. Откријте ги и ценете ги локалните вкусови, храната, пијалоците со почит кон луѓето кои ги подготвуваат, порачуваат од TasteAtlas. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: TasteAtlas

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука