ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Водостојот на Охридското Езеро на 15 сантиметри под просекот за јануари

Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е за 15 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водата е на кота од 693,23 м.н.в што е за 15 сантиметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в) и 13 над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 9 степени.

Од почетокот на годинава езерското ниво е намалено за два сантиметри. Билјанините извори и натаму се во добра „кондиција“, откако од крајот на септември до крајот на декември од овој препознатлив симбол на Охрид периодично сосема малку или речиси воопшто не истекуваше вода.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, водостопанство управа хидрометеоролошки работи- дневна хидролошка информацила зареитеи природните езера (споредба co претходниот ден очекувана тенденција наредниот табела 1: водостои 09.01 2023 река cm легуновце- вардар 08.01.23 140 скопле вардар брод треска 92 132 22 26 бана пчина 21 26 16 39 53 берово брегалница брегалница сушево струмица струмица 83 83 р.б.мост-црна ложани- ботун- сатеска 92 72 164 табела водостои рикажани змерени 07:30 146.52 23 нд охрид 146.52 ≡ 693.23 143.99 693.23 = 07:30 ез.преспа 693.38 9.0 9.0 нд ≡ изработил: гм мерене аниво в.д. директор, M-p ивица тодоровски водостој“

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд попладне. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Денес претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м²), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука