Вашингтон, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Билката рига ги штити мажите од рак на простатата, покажуваат резултатите од новото истражување кое го спроведоа научниците од Универзитетот во Лонг Ајленд.
Оваа билка од поодамна е позната во народната медицина како исклучително лековита. Активната состојка на ригата всушност е соединението карвакрол, кое е во состојба да го сопре растот на опасните микроорганизми.
Експертите ги испитаа можностите оваа состојка да ги убива клетките на ракот. Резултатите од испитувањата покажуваат дека ова соединение комплетно ги уништува канцерогените клетки. (Крај)
извор: Health фото: архива
Прочитано: 20