Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Непознат сторител со пушка убивал улични кучиња низ Струга

Струга, 10. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Десетици маалски кучиња денеска во Струга се убиени со огнено оружје, објави организацијата за заштита на правата на животните „Анима Мунди“, заедно со видео-снимка на која се гледаат трупови на убиени кучиња натоварени на камион.

– Манијак, личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга, пишуваат од „Анима Мунди“ на својот профил на Facebook.

Организацијата јавно апелира до Министерство за внатрешни работи и до Агенцијата за храна и ветеринарство итно да го преземат тоа што е во нивна надлежност за сторителот кривично да одговара за ова злодело.

– Никој нема за право да одзиеме нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето, пишуваат од „Анима Мунди“. (Крај)

извор: Тв Телма фото/видео: Тв Телма

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука