Во битките на Пацификот за време на Втората светска војна, вообичаено било американските војници на борбените позиции да градат аеродроми и бази за послесно напредување на нивните трупи. Тие воедно се труделе да одржуваат пријателски односи со домородците на островите, а за да го олеснат контактот и комуникацијата, често им давале подароци и храна.
Ако дотогаш локалното население живеело само на риба и овошје, сега нивната исхрана значително се збогатила. Новитетите им изгледале божествено.
Примитивните народи како овие долго време живееле во изолација, целосно игнорирајќи ги човечките технолошки достигнувања. Во нивните рани контакти со современиот Запад, биле збунети од храната, хартијата, тутунот, електрониката и другите, за нив претходно невидени предмети донесени со авиони и тоа им го припишувале на натприродни причини. Според нивното толкување, овие подароци биле магично богатство и, бидејќи биле донесени со авиони и доаѓале од небото, мора да биле испратени од боговите.
Кога војната завршила и подароците исчезнале, домородците, сеќавајќи се како подароците дошле до нив со тие „метални птици“, решиле да направат дрвени копии, замислувајќи дека можеби на овој начин ќе ги привлечат подароците.
Покрај репликите, домородците ги чистеле и дрвјата и грмушката за да создадат писти за да ги привлечат повторно авионие, палеле оган кој ги имитирал светлата за наведување на пилотите. Честопати, групите ритуално го имитирале и начинот на одење и облекување на војникот со надеж дека повторно ќе ги добијат подароците.
Забележано е дека на островот Tanna култовите добивале и посложени форми. Постарите мислеле дека со тоа што ќе се однесуваат како посетителите од минатото, ќе привлечат подароци. Така, тие го вееле знамето на Соединетите Американски Држави, а старешините ги носеле униформите кои им ги оставиле војниците. Други парадирале и танцувале со парчиња дрво, имитирајќи дека носат оружје.
Дали сите религии, на некој начин, би можеле да го имаат своето потекло од нешто слично?
Ерих фон Даникен, швајцарски писател, дури тврди дека сите наши богови биле, всушност, вонземски астронаути кои ја посетиле Земјата во минатото и дека античките народи, неспособни да ја асимилираат технологијата на овие посетители, барале реални објаснувања во мистицизмот.
Ставот на Карл Саган, многу почитуван научник во академската средина е дека „ако нема живот надвор од Земјата, универзумот би бил огромно губење на простор.“
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива