Охрид, 15. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран вечерва во соседна Албанија, со епицентар на 29 километри североисточно од главниот град Тирана и на околу 14 километри југоисточно од градот Бурел.
Според порталот emsc-csem.org, потресот се случил во 22:37 часот на длабочина од 2. километри и истиот беше почувствуван и во регионот на Охрид, Струга и околината.
Истиот извор објави дека, во 22:45 часот е регистриран уште еден потрес со јачина од 2,9 степени, додека јачината на првиот е корегирана на 4,7 степени според Рихтер.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21