јануари 16, 2023

Струга, 16. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – По отпочнувањето на процедурите за третирање на кучињата скитници, на барање на струшкиот градоначалник Рамис Мерко изработен е проект за прифатилиште за бездомни кучиња.

– На пошироката струшка јавност добро и е познато ова прашање и сите сме свесни колку каснувања предизвикале овие кучиња, колку страв сеат, особено кога станува збор за деца, дами и нашите постари родители или други беспомошни лица. Наш приоритет секогаш ќе остане безбедноста и здравјето на нашите граѓани, но и заштитата и зачувувањето на животните, стои во соопштението од општина Струга.

Можно е да е слика од 2 луѓе и надвор

Можно е да е слика од надвор

Градоначалникот Мерко апелира до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика.

– Не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на луѓето кои ги растоваруват кучињата во нашиот град и нивно пријавување до надлежните институции, додаваат од општината.

За реализација на проектот изработен од струшките архитекти Валмир Далипи и Бесјан Положани се бара помош од Владата, преку заеднички средства или од ИПА фондовите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука