Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Единаесетта меѓународна научна конференција „Охрид Водици 2023“

Охрид, 18. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – По 11-ти пат, денеска и утре, Охрид ќе биде домаќин на меѓународната научна конференција „Охрид Водици 2023“ – „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“.

Конференцијата е во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.

Оваа година конференцијата ќе се одржи со физичко присуство и on-line, а тематскиот фокус ќе биде ставен на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“. На конференцијата се пријавени 47 трудови/презентации од 12 земји.

Конференцијата ќе биде отворена денеска, со почеток во 11:00 часот, во Македонска академија на науките и уметностите, Куќа на Уранија во Охрид.

Свое обраќање на конференцијата, покрај претседателот на Програмскиот Комитет д-р Рубин Земон, ќе имаат и Фатмир Битиќи, заменик претседател на македонската Влада, Бисера Костадиновска- Стојчевска, министер за култура, д-р Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, Фариз Калили, член на програмскиот комитет, претседател на организацијата МИРАС, Баку Азербејџан, Ахмет Ајтач, член на програмскиот комитет на Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес, Турција и др. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука