Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 23-ти јануари, основците и средношколците се враќаат во школските клупи, почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година.
Дел од училишатата веќе го објавија и распоредот на смените.
Од општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираат дека основните и средните училишта се подготвени за старт на второто полугодие, во делот што е во нивна надлежност, дополнително се изведуваат реконструктивни зафати во речиси сите училишта. Најавија дека следната недела ќе реферираат за зафатите што се завршени или се во тек во охридските школи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 32