Со медиумска туристичка промоција до поголема визибилност на туристичките дестинации во Македонија
Скопје, 23. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно и оваа година работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово и Турција.
Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број на странски туристи и остварени ноќевања е 30% за првите 11 месеци од 2022 година, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
– Освен на промоцијата фокусирани сме на поврзување на дестинациите, нови авио линии кои ќе овозможат скратување на времето на патување и поврзување на Скопје и Охрид со голем број други дестинации во текот на годината, истакнаа од АППТ.
Поради намален буџет медиумската туристичка промоција за зголемување на визибилноста на туристичките дестинации во земјава нема да се реализира во Романија, Германија, Белика Британија, Холандија, Италија, Шпанија, Словенија, земји кои имаат значаен туристички потенцијал за зголемување на туристичкиот промет во Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |