февруари 1, 2023

Скопје, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Македонија ги информираат граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12-ти февруари 2024 година мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ со ознаката „NMK“.

– Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака „МК“, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15-ти јануари 2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12-ти февруари 2024 година, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука