февруари 1, 2023

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви јануари 2023 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот, при спроведени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнаа 16 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на коловоз, надвор од обележан пешачки премин (Охрид 7, Струга 6, Кичево 2 и Дебар 1).

– Против нив се поднесени соодветни платни налози, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука