Скопје, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Динамиката на изградба на делницата од Кичево до Охрид е навистина забрзана и веќе 75 проценти од патот се завршени откако беа отстранети сите пречки што беа наследени, истакна премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски по потпишувањето на договорот со италијанската ИРД инжинеринг, компанијата избрана за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Тој додаде дека автопатските делници се во приоритетите на Владата на кои ќе се фокусираат и годинава, откако лани, како што рече, и во услови на криза успеавме да оствариме највиоска реалзиација на капитални инвестици во износ од 465 милиони евра.
Со потпишувањето на договорот се создаваат услови за почеток на преговорите што ќе ги води ИРД во име на Управувачкиот комитет на Владата со „Бехтел и Енка“. Следната фаза е потпишување на договорот за изведба на работи на автопатските делници на Коридорот 8 Требеништа-Струга-Ќафасан (22,5 километри) Гостивар-Букојчани (30,1 километар), Тетово-Гостивар (27 километри) и на делницата Прилеп-Битола (43,4 километри) од Коридорот 10-д.
– Во мандатот на оваа Влада биле изградени и обновени 1.300 километри патишта во вредност од над милијарда евра, а се осврна и на тековните инфраструктурни проекти. Во моментов активно тече изградбата на автопати во должина од 59 километри. Во тек е реализација на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце, каде се завршени 79 проценти од работите, а се подготвуваат работите за изградба на автопатите коо се предмет на овој договор на Коридорот и Коридорот 10-д, рече Ковачевски.
Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект. ИРД инжинеринг беше избрана за надзор и правен трансакциски советник за овој проект на вториот тендер што за таа намена го спроведе Јавното претпријатие за државни патишта, откако избраната компанија на првиот повик не ја достави потребната банкарска гаранција.
извор: МИА фото: архива