Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Кај плажата „Дебрца“, на патот Струга-Охрид, полицијата пронајде марихуана кај 31-годишен охриѓанец

Охрид, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. февруари 2023 година, во 13:20 часот кај плажата „Дебрца“ на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 31-годишниот А.Б. од Охрид.

– При преглед на патничко возило марка „Фолксавген голф“, во кое бил со уште едно лице, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука