Во сабота, 25-ти октомври, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, ќе се одржи Годишна изложба на ликовни уметници од Струга.
Со свои дела ќе се претстават повеќе уметници од помладата и средната генерација на ликовни творци од Струга. Авторите творат во повеќе медиуми, како сликарство, фотографија, применета уметност, графика и мултимедиуми. Ќе бидат изложени делата на: Викторија Попоска, Ѓорѓи Крстески, Илија Димоски, Милко Нестороски, Кристина Затуровска, Ангела Ѓонческа, Енкел Дика, Горан Ристовски, Христијан Томаноски.
Станува збор за 9-та по ред Годишна изложба на струшки ликовни уметници. Ќе биде отворена со почеток во 20:00 часот.
Супер радио/М.М.
Прочитано: 41