Охрид, 6. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новото издание на популарните „Охридски приказни“ во супер амбиентот на „Форт Кафе“, продолжува со филмскиот хроничар и сликар Ѓоко Симјаноски.
– Во минатото Охрид беше едне прекрасен и чист град, скоро без загадување. Потоа дојде индустријата, па потоа транзицијата и Охрид повеќе не е она што беше, вели Симјаноски во интервјуто кое е дел од февруарското издание на „Охридските приказни“ во охридското „Форт кафе“.
Со него ќе разговараме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид.
Интервјуто во целост ќе биде објавено на OhridPress во четврток, на 9-ти февруари 2023 година.
– Повторно Ве очекуваме на нова доза „Охридски приказни“, сега со Ѓоко Симјаноски – охридски филмски хроничар и сликар. Дружбата е закажана за четврток на 09.02.2023 година, од 19:00 часот. З‘ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“.
„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing