Охрид, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми февруари 2023 година, во 16:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 36-годишниот С.Т. од Охрид.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: МВР
Прочитано: 29