Скопје/Охрид, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, ја отвори работната средба со преставници на невладините организации, што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во насока на отпочнување со активности за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.
Заменик министерката во своето воведно обраќање се осврна на важноста од донесувањето на овој Нацрт-закон за Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО, за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на ова уникатно подрачје.
Од страна на Даниел Богнер (Регионална канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) беше одржана презентација за Студијата за валоризација на природните вредности Охридско Езеро. Потоа беа преставени основните начела и структурата на Нацртот на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, кој е изготвен и се донесува во согласност со Законот за заштита на природата. Следуваше дискусија, забелешки, предлози и прашања од преставници на невладините организации.
Постапката за донесување на Нацрт-законот, МЖСПП ја води одговорно и транспаретно и сите конструктивни коментари кои се во насока на подбрување на Нацртот на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, се и ќе бидат добредојдени и инкорпорирани во финалниот текст на законот.
На состанокот присуствуваа претставници од 10 граѓански организации кои работат на полето на животната средина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: МЖСПП