Белград/Охрид, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63.000 туристи и повеќе од 130.000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и промотивен пристап во 2023 година, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија.
Додаваат дека со максимална рационализација и оптимализирање на сите расположливи буџетски и приходни финансии успеа со македонскиот туристички сектор да биде дел од престижниот саем за туризам во Белград.
– Рекорден број на коегзибитори ќе ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, со вклученост на општините Охрид, Гевгелија, Дојран, Ресен и Крушево. Во рамките на саемските денови општините ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство на презентацијата која ќе се одржи на 24-ти февруари 2023 година, заедно со претставници на семејни тиквешки винарии, ХОТАМ, „Глобус травел“ и хотел „Мизо“, информираат од АППТ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: АППТ