Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата откри импровизирана лабораторија за марихуана во Белчишта, приведено едно лице

Охрид/Белчишта, 11. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти февруари 2023 година, на подрачјето на СВР Охрид, по претходна судска наредба извршени се претреси кај осум лица (по два во Охрид, Струга, Кичево и Дебар), во кои се опфатени 10 куќи и помошни простории и две патнички возила.

– Притоа, во селото Белчишта, општина Дебрца, пронајдена е импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана, сопственост на 50-годишниот Љ.О. од истото село, во која се пронајдени четири растенија канабис, кеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Лицето е лишено од слобода, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука