февруари 12, 2023

Скопје, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утрешниот ден, 13-ти февруари 2023 година се прогласува за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија, објави премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски.

– Македонските граѓани во мислите и молитвите се со нивните најблиски, со нивните семејства. Во име на сите нив, изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ, потенцира Ковачевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука