Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

TheTravel.com: Прошетката низ Охрид и неверојатните глетки се незаборавно искуство

Охрид, 13. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е познат по својата неверојатна езерска глетка и богатата историја. Ова е место каде што можете да истражите некои историски локалитети или да уживате во храната додека добивате импресивен поглед на Охридското Езеро кое се наоѓа пред градот, пишува за порталот TheTravel.com авантуристот Џошуа Чиеду кој посвети статија за нашата земја под наслов „10 Best Things To Do In Macedonia“.

– Охрид има изобилство цркви (вкупно 365), а има и манастири, кафулиња и ресторани. Само прошетка низ овој град и неверојатните глетки е незаборавно искуство, стои во написот.

Се додава дека Македонија е земја позната по своите високи планини и богата историја. Сместена во Југоисточна Европа, оваа земја во близина на Грција и Бугарија била населена со луѓе уште од античко време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука