Скопје/Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на минатата година споредено со 2021- ва се бележи раст на бројот на туристи во Македонија од 38% и тоа кај домашните за 5.7 %, а кај странските зголемувањето е за 82.8 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, паралелно со тоа пораснал и бројот на ноќевања за 23,1%, кај домашните за 3.7 %, а кај странските зголемувањето е за 70.7 %.
Бројот на туристите во декември 2022 година изнесува 48 913,од кои 40.8 % се домашни туристи, а 59.2 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во овој месец изнесува 93 567, од кои 42.5 % се од домашните туристи, а 57.5 % од странските туристи.
Најмногу странски туристи биле од Турција 4 542, следуваат Србија, Грција и Бугарија.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за годинава најавија медиумски туристички кампањи во неколку таргет земји и воведување нови авио линии од Охрид и Скопје и поврзување со голем број дестинации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива