Охрид, 16. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од НП „Галичица“ ќе подготват сеопфатна дата база со идентификувани илегални објекти на целата територија на паркот.
Имајќи во предвид дека најголема закана за НП „Галичица“ и охридскиот регион е масовната урбанизација, донираниот компјутер со високи перформанси и софтвер за креирање на ортофотомозаични карти, доанција од Шпанската амбасада во Македонија, ќе биде искористен за креирање на дата базата.
– Во план е да бидат опфатени околу 1.000 хектари на урбани делови во паркот кои ќе бидат сликани со дрон. Потоа со помош на софтвер истите ќе бидат составени во карти со висока резолуција. Во програмот QGIS ќе се врши анализа и идентификација на сите илегални објекти во паркот, информираат од НП „Галичица“.
Додаваат дека подготвената дата база и креираните мапи ќе бидат проследени до сите релевантни институции во земјата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива