февруари 16, 2023

Охрид, 16. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – И по година и четири месеци СДСМ се занимава со ширење невистини мислејќи дека охриѓани ќе наседнат на нивните лаги, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОО на СДСМ од Охрид во кој го обвинија градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков дека се кити со туѓи перја за инвестициите во економското училиште СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

– За СДСМ главни инвестиции беа четири години нереформи, кратења и создавање хаос во образованието. СДСМ нема кредибилитет да зборува за образованието затоа што со нив сликата беше распаднати ѕидови, санитарни јазли во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваа. СДСМ укинуваше паралелки во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ и без нималку чувство на грижа ги остави наставниците со помал фонд на часови. А сега со градоначалнкот Д-р Кирил Пецаков и Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно се вратија укинатите паралелки во училиштето кое доби промена на електричната инсталација, нов систем за греење, термофасада, партерно уредување, училница на отворено, смарт табли и ИТ опрема. СДСМ ги лажеше охриѓани за спортските сали во основните училишта „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Братство Единство“ во Лескајца и средното училиште „Ванчо Питошески“. Лажеше и за Регионалниот центар за обука во Трпејца. Нема ни трага, ни глас. За разлика од СДСМ ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш посветено работиме и резултатите се видливи на терен. СДСМ наместо неосновано да критикува им порачуваме да се фати за работа и да ја завршат веќе одамна задоцнетата реконструкција на ученичкиот дом и училиштето „Ванчо Питошески“ кое за жал го претворија во партиски штаб. Дотогаш нека гледаат и учат како се работи и како се исполнуваат ветувањата пред охриѓани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Пецаков, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука