Охрид, 20. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новото издание на популарните „Охридски приказни“ во охридското „Форт Кафе“, продолжува во четврток со поетот Славе Ѓорго Димоски.
– Охрид има временска длабочина и има временска иднина. Охрид е еден културен реактор, имајќи ја во предвид Св. Климентовата школа, вели Ѓорго Димоски во интервјуто кое е дел од февруарското издание на „Охридските приказни“ во охридското „Форт кафе“.
Со него ќе разговараме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид.
Интервјуто во целост ќе биде објавено на OhridPress во четврток, на 23-ти февруари 2023 година.
– Време е за нова доза „Охридски приказни“, сега со поетот Славе Ѓорго Димоски. Дружбата е закажана за четврток на 23.02.2023 година, од 19:00 часот. З‘ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“.
„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing