Охрид, 21. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Обемна публикација, во која се објавени и два научни трудови за Охридското и Преспанското Езеро, произлезе од 18. Светска конференција за езерата, насловена „Управување, издржливост и одржливост на езерата за подобро општество“, која се одржа на Универзитетот Гуанахуато во Мексико, од 9-ти до 11-ти ноември 2021 година.
– Овој форум беше дизајниран со примарна цел да обезбеди простор каде што научниците, професионалците, студентите, менаџерите и практичарите би можеле да предлагаат, споделуваат и учат, информираат од Граѓанската иницијатива Охрид SOS.
Додаваат дека од таа конференција проилезе и една обемна публикација објавена неодамна, во која нивните членови придонесле со два труда. Еден за Преспанското Езеро („Lake Prespa and its vicinity studied by remote sensing methodology: a clue for its dramatic drop in water level“), а другиот за Охридското Езеро/Охридскиот Регион („The UNESCO World Heritage Committee and the Ohrid Region: a saga of deception“).
Публикацијата може да се види ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива