Белград/Охрид, 23. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Рекорден број на коегзибитори ќе ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на Саемот за туризам во Белград.
Свеченото отворање на 44. Меѓународен Саем за туризам се одржа на Саемот во Белград, каде околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Република Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“.
Во рамките на саемските денови од 23-ти до 26-ти февруари, Охрид и останатите општини во Македонија ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, „Глобус травел“ и хотел „Мизо“.
Саемот ќе биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции, отварајќи можности за исполнување на целта за 2023 година од 3,2 милиони ноќевања со повеќе од 550 милиони долари промет од туризмот и угостителството во македонската економија.
Српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/2022 година. Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63.000 туристи и повеќе од 130.000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година.
Воведувањето на авионската линија Белград-Охрид четири пати неделно од јуни преставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: АППТ