ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

„Охридски приказни“ со Славе Ѓорго Димоски: За неколку децении Охрид прерасна во едно големо градилиште и ја изгуби својата уметничка визиономија (Видео)

Охрид, 23. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид има временска длабочина и има временска иднина, вели Ѓорго Димоски во интервјуто кое е дел од февруарското издание на „Охридските приказни“ во охридското „Форт кафе“.

– Охрид е еден културен реактор, имајќи ја во предвид Св. Климентовата школа. Тој реактор зрачи во сите словенски земји и скоро сите словенски јазици произлегуваат од тој Кирило-Методиевски јазик, а традицијата ја држи Св. Климент Охридски во Охрид и токму заради тоа, не случајно тој кога се враќа од Моравија во Охрид ја продолжува нивната традиција преку користење на нивното писмо – глаголицата, вели Ѓорго Димоски.

Интервјуто е најава за уште едно уникатно доживување кое ќе се одржи вечерва во „Форт кафе“, со почеток во 19:00 часот.

– Време е за уште едно издание на „Охридските приказни“, овој пат со поетот Славе Ѓорѓо Димоски, за кого Охрид е вистински духовен реактор. Поезија и проекција на документарниот филм посветен на Славе Ѓорѓо Димоски – „Поет на мал народ“ од охридскиот режисер Антонио Велјаноски. Ново и уникатно издание, вечерва од 19:00 часот, З’ш Охрид е градска приказна, порачуваат од „Форт кафе“.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука