Охрид, 23. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На популарната Facebook страница Охрид кој веќе го нема, објавена е прекрасна фотографија од Охрид од минатото, конкретно од еден објект, кој буди многу спомени кај Охриѓани, хотелот „Палас“.
– Ајде да ги вратиме малку спомените на легендарниот музички подиум на терасата на хотелот „Палас“, во тоа време (седумдесеттите години на минатиот век), единственото место за вакви забави во градот, стои во описот на објавата.
Фотографијата, која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време.
Хотелот „Палас“ се наоѓа во строгиот центар на градот и не работи од 2001 година, а од 2009 година е заштитен споменик на културата. Отворен е во далечната 1957 година и своевремено важел за еден од најимпозантните туристички објекти во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид кој веќе го нема