Белград/Охрид, 24. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Рекорден број на коегзибитори ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград.
На 44. Меѓународен саем за туризам околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Република Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“.
Делегацијата на Општина Охрид која е дел од годинешното саемско претставување на српскиот пазар, ја предводи градоначалникот д-р Кирил Пецаков. Претставниците на Општина Охрид ќе ја презентираат туристичката понуда за 2023-та година и ќе остварат средби со туроператори од регионот.
На саемот за туризам во Белград, кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји.
Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ го поддржува развојот и промоцијата на активниот туризам со туристички видеа прилагодени за VR Box очилата за виртуелна реалност, како и претставувањето на малите семејни винарии од земјава и поврзување со тур оператори. Денешната презентација е одлична можност за презентирање на ено-гастро концептот како нова туристичка понуда и можност за неколку дневно незаборавно патување по македонските мали винарии.
Во рамките на саемските денови од 23-ти до 26-ти февруари Општина Охрид и останатите туристички центри во државата ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, „Глобус травел“ и хотел „Мизо“. Саемот за туризам во Белград преставува одличнна можност македонските туроператори да ја престават својата понуда за сезоната 2023 и остварат нови средби со туроператори од регионот. Се очекува саемот да биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции. Голем интерес од посетителите, медиумите и туроператорите на македонскиот изложбен простор е верскиот туризам, националните паркови и авантуристичките форми на туристичка понуда.
Српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година. Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63.000 туристи и повеќе од 130.000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година. Воведувањето на авионската линија Белград-Охрид четири пати неделно од јуни преставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи. Очекуваме оваа година да продолжи растот на српските туристи, а македонскиот туистички сектор да ја забележи најдобрата година со повеќе од 3,2 милиони ноќевања и блиску 600 милиони долари од туристичката индустрија во македонската економија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива