Белчишта, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Шест дечиња од социјално загрозени семејства од Општина Дебрца ќе добиваат топол оброк до крајот на школската година како дел од активностите спроведени од „Проект Среќа“.
Иницијативата зад која стои популарната пејачка Кристина Арнаудова продолжува да дели среќа ширум државата.
– Те очекуваме да ни дојдеш во Охрид и Дебрца, а до тогаш, ти се заблагодаруваме за се’ досега, порачаа од ООУ „Дебрца“.
Додаваат дека иницијативата можат да ја поддржат сите компании, продавници и угостителски објекти кои се во можност да помогнат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23