ЕКОЛОГИЈА Економија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пивара Скопје ќе донира по еден денар од секое продадено Скопско пиво за чисто Охридско Езеро

Скопје/Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која Скопско ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа – Наша гордост, наша одговорност, која првично беше претставена во декември минатата година.

Платформата е создадена со една единствена цел – преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај.

Првиот чекор за оваа година е кампањата „Заедно за чисто Охридско Езеро“ која што започнува со иницијатива за собирање на средства при што од секое продадено стаклено шише од 0.5л Скопско и Скопско Smooth се издвојува по 1 денар за активности посветени на чистење на нашето најпрепознатливо природно обележје.

Дел од планираните активности, за чија цел ќе се искористат овие средства се поставување на пловни препреки на едни од најголемите загадувачи на Охридското Езеро – реката Сатеска и реката Далјан, акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата.

За целите на платформата, култните стаклени шишиња на Скопско и Скопско Smooth добија нов, тематски дизајн и веќе се пуштени во продажба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука