февруари 28, 2023

Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишниот М.С. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

– На 18-ти јануари 2023 година, на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило марка „Фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука