Скопје/Охрид, 1. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Туристичкиот сектор ја надмина целта за 2022 година со остварени 480 милиони долари од туристички промет, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
– Во ова насока продолжува закрепнувањето на македонскиот туризам. Земјава е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно податоците од UNWTO (светска туристичка организација).
Вкупно за сите четири квартала од 2022 година девизниот прилив е 480 милиони долари од туристички промет, што е за 21% повеќе од 2019 со остварени 395 милиони долари, потенцираат од АППТ.
Колку за споредба има раст и во девизниот прилив во 2022 година во однос на 2021, со остварени 385 милиони долари од туристички промет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес