Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Охридски Комуналец“ набави булдожер со кој самостојно ќе ја одржуваат депонијата „Буково“

Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид информираат дека е набавена градежна машина – булдожер со која самостојно ќе ја одржуваат депонијата „Буково“.

– Во рамките на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид дејност извршува Одделението „Депонии“, кое ја одржува и оперира депонијата „Буково“ на која се депонира комунален отпад од домаќинствата и од правни субјекти, кој се подигнува од територијата на Општина Охрид. Расчистувањето на комуналниот отпад на депонијата, негово растурање и набивање, односно одржување на депонијата „Буково“ ја врши ЈП „Охридски Комуналец“ со градежна машина – булдожер, специјално набавена за таа потреба, информираат од претпријатието.

Додават дека во текот на изминатиот период, оваа услуга ја извршуваа други фирми, а беше согласно јавна набавка.

– Со набавката на градежната машина, Јавното претпријатие самостојно се грижи за одржување на депонијата, а покрај тоа, што е од посебна важност од финансиска гледна точка, се заштедуваат финансиски средства кои во изминатиот период беа насочувани кон други правни лица кои ја извршуваа таа услуга, потенцираат од ЈП „Охридски Комуналец“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука