Берлин, 8. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува претставувањето на убавините на Охрид и Република Македонија на Интернационалната туристичка берза (ИТБ) Берлин.
Во таа насока, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски потпиша меморандум за соработка со Алберт Салман, претседател на Green Destinations, сертифицирана и наградувана програма за имплементирање на практики за развој на одржлив туризам од Холандија.
– Дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина, соопштија од АППТ.
Во периодот што следи ќе се спроведат акциски програми и со заедничка работата ќе се имплементираат алатки и практики за одржливост на дестинацијата, поддршка на локалното производство, како и подигање на свесноста за еко дестинации преку споделување на искуства и знаење од други зелени и еколошки региони. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива