март 16, 2023

Охрид, 16. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врвни борби покажаа теквондистите учесници на првото Државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија во органзиција на клубот „Мастер“ од Охрид.

Учество зедоа 63 натпреварувачи од клубовите: „Мастер“ од Охрид, „Ахилиус“ од Скопје, „ХВА РАНГ ИТФ“ од село Лескоец, „Сонкал“ од село Мислешево, Струга и „Чонџи“ од село Косел.

Натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубови, некои од нив се бореа за место во репрезентација за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Језоло, Италија од 17-ти до 24-ти април. Учесниците направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма, вели претседателот на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ), Марјанчо Лазаревски.

– Најдобра борба покажаа Климент Богоески од „ХВА РАНГ ИТФ“ против Лука Тодороски од „ЧОНЏИ” кои мораме да ги пофалиме за врвната техника, а за најдобар борец беше избран Владимир Димитриевиќ од „МАСТЕР” освојувајќи 1 место – спаринг јуниори, -60кг, 14-17 години, 1 место форми јуниори 2-/1куп Црвен/црвен виши појас 14-17 години, 1 место- спаринг сениори, -80 кг, 18-39 години, со што се избори за место во репрезентација за наредното Европско првенство. Се заблагодарувам на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Македонската Традицонална Теквондо Федрација и на Општина Охрид како покровители, како и на генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“, истакна Лазаревски.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Најдобар клуб на првото Државно првенство во Таеквон-до ИТФ е клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, со освоени 14 златни, 16 сребрени и 15 бронзени медали. На второто место се најде организаторот, клубот „Мастер“ со освоени 7 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали. Трето место освои клубот „Сонкал“ со 4 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал, четврт беше клубот „Ахилиус“ со освоени 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали, а на петто место клубот „Чонџи“ со 3 сребрени и 7 бронзени медали.

На 1-ви април МТТФ ќе учествува на Меѓународен отворен Таеквондо ИТФ натпревар „С.И.Т.А. ОПЕН 2023“ во Лозница, соседна Србија, додека од 17-ти до 24-ти април теквондистите ќе учествуваат на Европско првенство во Језоло, Италија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука