Охрид, 16. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е бисер, место кое инспирира и кое со својот мир е совршен простор за научно истражувачка работа, вели Проф. д-р Устијана Речкоска – Шикоска во интервјуто кое е дел од мартовското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“.
– Би сакала Охрид да ни биде чист, чуван, почитуван од сите, пред се’ од нас охриѓани, сите заедно да се сакаме и почитуваме, да царува милоста и желбата за заедничко напред, вели Речкоска – Шикоска.
Таа е проректор на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид и претседател на Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид. Професор, ментор, научен истражувач, жена која својот професионален век го посветила на науката.
Со неа разговаравме за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид.
– Време е за нова доза „Охридски приказни“, сега со Сузана Проф. д-р Устијана Речкоска – Шикоска. Дружбата е закажана за четврток, 16.03.2023 година, од 19:00 часот. Видео разговор „Жените во науката имаат што да покажат“, а за музичкиот дел ќе биде задолжен Dj Bagzi. З‘ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива