Охрид, 17. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заедничка соработка на меѓугранични проекти е договорена на средбата на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски и директорот на охридското средно угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Марјан Радески.
Со тоа ќе се овозможи внесување на европски практики во училишниот процес, подобрување на условите, зголемен број на ученици и подготвени квалитетни кадри кои ќе вложат во развој на туристичкиот сектор.
Една од работите на која АППТ давале многупати значење и директорот Јаневски потенцира, се човечките ресурси коишто секоја година се повеќе ќе треба да се негуваат.
– Потребна е уште продлабочена соработка и вложувања со стручните училишта и факултетите од каде треба да ги изградиме идните шефови на ресторани, гастрономски концепти, хотелски менаџери, визионери кои со ентузијазам ќе применат се она што нас ни недостасува. Така ќе изградиме туристички сектор кој учи и применува, заслужувајки ја почитта со можност за кариерно напредување и градење иднина дома, велат од Агенцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива