Охрид, 22. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, според календарот на Обединетите нации, на планетата земја се одбележува Светскиот ден на водите.
Преку една милијарда луѓе денес немаат пристап кон чиста вода за пиење, а милиони умираат од нејзин недостиг. Климатските промени, загадувањето на водите на земјата и прекршувањето на поставените еколошки норми само го интензвираат редуцирањето на резервите на вода.
Под слоганот „Ти биди промената“, акцентот на кампањата за оваа година е ставен на поединецот односно на сите луѓе без разлика во кое својство, колку можеме да придонесеме со цел да го промениме начинот и навиките при користењето и заштедата на водата.
Од охридското јавно претпријатие „Водовод“ потенцираат дека и во иднина ќе придонесува со инвестирање во нови капацитети, со цел намалување на загубите и зголемување и подобрување на квалитетот во водоснабдувањето .
Што секој од нас може да направи за заштеда на водата:
– Штедливо користете ја водата при туширање, готвење, миење на раце и заби.
– Покорисно е за растенијата ако зелените површини се полеваат навечер а не наутро, во таа смисла и за заштеда на водата. Навечер растенијата многу подобро ја искористуваат водата бидејќи испарувањето е помало. Уште поголем ефект на штедење ќе се постигне ако градината наместо со црево ја полеваме со вода од канта (така ќе потрошиме 5-10 литри на метар квадратен), а ќе заштедиме 100-200 литри.
– Затворете ги и проверете ги сите славини бидејќи со такво навидум обично изливање би изгубиле дури до 100 литри вода неделно, која неискористена истекува во канализацијата.
– Неисправно казанче дневно троши исто колку и четворочлено семејство, а тоа годишно изнесува 260 метри кубни вода
– Дека и на мали нешта може да се заштеди зборува податокот дека ако вашиот автомобол го миете со вода од кофа, а не со црево, наместо 100-200 литри ќе потрошите само 20-40 литри вода. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива