март 25, 2023

Охрид, 25. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На популарната Facebook страница Охрид слики од минатото, објавена е прекрасна фотографија од далечната 1936 година.

На истата е прикажан стариот чинар и автобусот кој во тоа време превезувал патници до Битола.

– Охрид – к’ј чинарон, автобусот за Битола во 1936 година, напиша Климе Белко на објавата на фотографијата.

Станува збор за уште еден прекрасен материјал, кој е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид слики од минатото

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука