ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Езерскиот водостој расте, но недоволно да го достигне месечниот просек

Охрид, 27. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува да расте нивото на водата во Охридското Езеро, но и натаму недоволно за да се достигне просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,27 м.н.в, што е за 22 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и 17 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода 10 степени, што е над просекот за март.

Можно е да е слика од календар и текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство 1: водостои станица река неделна хидролошка информацила реките иприродните езера 07:30 23.03.23 24.03.23 22.03.23 лепенец вардар вардар вардар 25.03.23 26.03.23 144 27.03.23 просек3 130 20 121 105 32 146 114 86 -струмица струмица 85 26 19 82 ложани- дрим 135 108 102 69 126 68 72 007:30 146.62 146.62 29 73 49 нд 146.62 146.62 146.62 146.62 вода 144.22 842.01 измерени 07:30 часот 843.98 наколец- ез.преспа охрид- ез.охрид 693.27 7.5 8.0 693.49 8.0 8.0 9.0 14.8 9.0 8.0 9.0 10.0 8.0 10.0 нд нд 7.8 одобрил:вс ивица тодоровски вештачко влијание промената“

Последнава недела водостојот е покачен за два, додека од почетокот на месецов за девет сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука