Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридското здружение ЕКО ФАП продолжи со активности во насока на поубав и почист Охрид.
Последната акција се спроведе викендов на плажата до авто кампот „Љубаништа“.
– Прекрасен неделен ден, исполнет со оптимизам дека кај младите сепак работите се менуваат, свеста за природата расте, но и нивната желба да придонесат со свој удел во ова наше парче земски рај кај Љубаништа. Акцијата планирана за три часа работа, изведена беше за неполни два часа. На овие прекрасни млади луѓе ни останува да им посакаме никогаш во животот да не ја напуштат таквата навика и енергија. ЕКО ФАП секогаш ќе биде нивна поткрепа во овие намери, информираат од здружението.
Охридското здружение ЕКО ФАП досега реализираа бројни ЕКО акции, кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЕКО ФАП