Охрид, 30. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска напладне, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржат академски дијалози на Министерката за одбрана Славјанка Петровска со академскиот кадар и студентите на Универзитетот.
– Исто така, ќе има научно-стручна дебата на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Македонија – можности по членството во НАТО” и презентација на можностите за професорите и студентите на НАТО Фондот „Наука за мир“, информираат од Универзитетот.
Академските дијалози претставуваат можност за дебата, размена на мислења и отворање на нови можности за македонската наука и високото образование. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 30