Охрид, 1. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од архивата на OhridPress потсетуваме на објавата од пред пет години, кога на денешен ден се санираа последиците од циклонот Алексеј, а езерото беше преполно со вода.
Екипата на OhridPress утрово направи фотографии, слични на оние од објавата во 2018 година, кога се санираа последиците од ударите на циклонот Алексеј, кој ден претходно го погоди поширокиот регион на Охрид.
Езерото тогаш е на кота, барем половина метар повисока од денешната, а тоа може одлично да се види и од споредбените фотографии и видео од 2018-та година и утрово.
Охридското Езеро тогаш беше на кота од 25 см над дозволениот максимум и ја достигна критичната кота од 694 м.н.в при која се можни локални излевања на езерото во неговото потесно крајбрежје. Според последните мерења на УХМР, езерото денеска е на кота од 693,29 м.н.в, односно 28 сантиметри под просекот за овој период на годината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес