ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЕКО работна акција на клубот „Брег на младоста“ во чест на Денот на младинските работни акции

Охрид, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Денот на младинските работни акции, членови на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид денес спроведоа локална работна акција.

– Го одбележавме Денот на Денот на младинските работни акции (ДМРА) со активност покрај рекреативната патека до локалитетот „Горица“. Временските (не)прилики не ни дозволија повеќе. Нашата цел е да ја поткренеме свеста кај граѓаните во врска со загадувањето и да покажеме како сите ние можеме да допринесеме за развој на нашата заедница, информираат од „Брег на младоста“.

Акцијашите од клубот „Брег на младоста“ годиниве наназад покажаа дека е можно да се вратат старите вредности и дека една од нивните цели е младите да научат што значи акцијаштвото, што значи убавината на помагањето на оние на кои им е потребна помош и самото учество на работни акции. Потенцираат дека младите треба да се дружат, да го доловат тој етички морален хуман момент на дружење, на препознавање на разликите и заеднички ангажман за градење на нови вредности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Брег на младоста“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука