Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Сајмон Калдер, британски експерт за патувања го препорачува Охрид како „дестинација за сите времиња“: Неверојатно убава дестинација за одмор

Охрид, 2. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сајмон Калдер, познатиот британски експерт за патувања за летово како „апсолутно прекрасна дестинација за сите времиња“ за британските туристи го препорачува Охридското Езеро.

– Иако цените на авионскиот превоз годинава се зголемија, Калдер вели дека постои дестинација каде цените се вратија во 1990-тите, јави порталот мкд.мк.

– Одлука за сите времиња летово ќе биде новата дестинација во Македонија со летот од Манчестер до Охридското Езеро, кое е прекрасно. За 386 фунти по лице. Фантастично е. Јас сум бил таму. Апсолутно е прекрасно, езера, планини. Пријателски луѓе, одлични цени за речиси сè. Одете таму, вели Калдер.

Тој потсетува дека се работи за едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа, на границата со Албанија, а местото е на листата на светските наследства на УНЕСКО.

– Неверојатно убава дестинација за одмор. Туристите можат да талкаат низ стариот град на Охрид и да уживаат во локалните деликатеси по ниски цени во едно од бројните атрактивни кафулиња. Британците би можеле да се релаксираат на лежалка покрај брегот на езерото или да тргнат на водена авантура со даска за веслање или кајак. Во Охрид се наоѓа и историскиот манастир Свети Наум до кој може да се стигне за пололовина час со брод, препорачива Калдер.

Тој работи како туристички новинар за многу британски медиуми, за разни патнички публикации, како и дописник за патувања за The Independent. (Крај)

извор: мкд.мк фото: мкд.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука